речник контакт

Стечај за неликвидните Киро Ќучук, Велеспром и Керамика Нова?

Именувани се предстечајни управници, по барање на УЈП, парите уплатени, рочишта закажани за јануари

Петар Печков

По барање на УЈП во три некогашни велешки стопански гиганти започната е процедурата за отворање на  стечајна постапка. За почеток во Киро Ќучук, Велеспром и Керамика Нова именувани се предстечајни управници кои ќе ја водат постапката  за рочиштата закажани за средината на јануари.  За сериозноста на УЈП говори и тоа што тие овој пат ги уплатиле средствата за постапката да започне. 

Во АД Киро Ќучук  предстечаен е именуван Ацо Петров кој го водеше стечајот во неколку фирми од велешки Лозар и во А1 и А2, додека за Керамика Нова и Велеспром е именуван за предстечаен Богољуб Макревски кој го водеше стечајот во Рудкоп од Кавадарци и Сведмилк од Битола.Според познавачите на состојбите во стечајната проблематика, именувањето на овие лица и уплатата од УЈП ветуваат дека овој пат, за овие три фирми работата ќе се турка до крај.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »